ОК на ВМРО-ДПМНЕ: Дамјановски не ги исполни предизборните ветувања за населбата „Перо Чичо“ (видео)

Сподели со своите пријатели

На прес конференција која денеска ја одржаа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, упатија жестоки обвинувања кон градоначалникот Зоран Дамјановски, дека како што велат тие самиот не ги исполнил ветувањата кои ги дал на граѓаните од населбата Перо Чичо.

Loading...

Се` уште не е завршено асфалтирањето на улицата „Ѓорче Петров“, но и на улиците: „30 јули“, „Руѓер Бошковиќ“, „6 април“, „Анѓа Ранковиќ“ и „Трајко Прокопиев“ – истакна Билјана Димитриевска од ОК на ВМРО ДПМНЕ Куманово.

Тие го обвинија градоначалникот за уште незавршени проекти.

11911073_10205245000141456_277790205_n

Обвинувања беа упатени и на сметка на генераниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски, дека како жител на оваа населба дозволил Дамјановски да ги лаже неговите соседи и да манипулира со нив.