Огромна загуба на норвешкиот пензиски фонд

Сподели со своите пријатели

Норвешкиот пензиски фонд во средата објави дека забележал загуба на инвестиции од 174 милијарди долари во првата половина од годината, бидејќи стравувањата од глобална рецесија и инфлација ги оптоваруваат акциите.

Loading...

Најголемиот пензиски фонд во светот „тежи“ околу 1,3 трилиони долари, во периодот од јануари до јуни забележа негативен поврат на инвестициите од 14,4 отсто.

„Пазарот беше обележан со растот на каматните стапки, високата инфлација и војната во Европа“, изјави извршниот директор на фондот, Николај Танген.

„Акциите на технологијата поминаа особено лошо со поврат од минус 28 проценти“, додаде Танген.

Сите сектори во кои инвестира фондот забележаа негативни приноси во првата половина од годината, со исклучок на енергетскиот сектор, со принос од 13 отсто, што беше поттикнато од скокот на цените на енергенсите поради руско-украинската војна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Повратот на вложувањата во акции во првото полугодие е минус 17 отсто, а повратот на вложувањата во обврзници минус 9,3 отсто.

Фондот бележи и негативен поврат на инвестициите во инфраструктурата за обновливи извори на енергија, од минус 13,3 отсто.

Оние вложувања во недвижности кои не котираат на берзата донесоа добивка, со принос од 7,1 отсто.

Loading...

На крајот на јуни, 68,5 отсто од средствата со кои управува фондот се инвестирани во акции, а 28,3 отсто во обврзници.

Уделот на инвестициите во недвижности кои не котираат на берзата е три отсто, а учеството на инвестициите во инфраструктурата за обновливи извори на енергија е 0,1 отсто.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Фондот е основан во 1996 година за да ги инвестира приходите од продажба на нафта и гас за пензиите на сите граѓани на Норвешка.

Во моментов има акции во повеќе од 9.300 компании ширум светот.