Огромна дупка во Сибир која може да проголта и хеликоптер (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Голема дупка која води длабоко во земјата, забележана е кај градот Мирниј во руската сибирска регија јакутија. Се зборува дека дупката е толку длабока што може да проголта и хеликоптер поради силниот воздушен вртлог, пишува британскиот Експрес.

Loading...

Се отвори земјата во Куманово, две куќи во голема опасност

Отворената јама на рудникот „Свет“ во експолатација е од 1957 година, откако советските научници пронашле огромен дијамант во земјата. Меѓутоа, поради екстремните климатски услови, што значи дека земјата била смрзната во текот на половина година, рударењето било отежнато и опремата се заледувала. Во зима температурата се спуштала и до -50 степени, а најблискиот поголем град е на 250 километри далечина.

Семејството во чиј двор се отвори дупка во Куманово, го напуштило домот во страв (ФОТО)

Но, и покрај тоа, во текот на шеесетите години рудникот давал околу 10 милиони карати дијаманти годишно. Според ВВС рудникот „Свет“, до денес има произведнео дијаманти во вредност од 10 милијарди фунти. Рудникот е длабок 525 метри, што го прави четврт најдлабок во светот, а отворот на површината има пречник од 1.200 метри.

фото: printscreen Google maps

Наводно воздушниот простор над рудникот е затворен за летови. Веб страницата „Атлас Обскур“ тврди дека причината за тоа се неколу инциденти при кои леталата биле „вшмукани“ од воздушна струја.

Loading...

Иако немало извештаи за несреќи, објаснувањето за воздушниот вртлог има логика, затоа што топлиот воздух кој се издига од јамата наидува на студен. Тоа може да оневозможи хеликоптерите да го прелетуваат рудникот, односно да предизвика губиток на висината над самата дупка.

Земја проголта автомобил, откако одеднаш среде патот се појави голема дупка (ВИДЕО)

Рудникот е затворен во 2004 година, а производството престанало три години подоцна. По распадот на Советскиот сојуз кон поечтокот на 90те години рудникот бил во сопственост на приватна компанија. Иако отворениот коп престанал со работа, експлоатацијата и натаму трае во подземјето. Минатата година, во рудникот навлегла вода и оневозможила излез на 100 рудници.

И покрај спасувачката мисија, четворица рудари поради поплавата не биле пронајдени.

Leave a Reply