Огнени јазици опожарија возило во населбата Перо Чичо

Сподели со своите пријатели

Помошно моторно возило вчера попладне горело во населбата Перо Чичо на ул. Благоје Думановски, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Припадниците на Територијалната против пожарна единица од Куманово интервенирале во период од 12:22 до 12:45 со едно против пожарно возило и пет пожарникари при што го локализирале огнот.

Причините за пожарот, како и висината на материјалната штета допрва треба да се утврдува.