Офроуд Куманово организира зимско караванско возење низ Козјачијата

Сподели со своите пријатели

Офроуд Куманово оргниазира еднодневно зимско караванско возење во кумановско – козјачкиот регион што ќе се одржи на 22 месецов со почеток во 9:00 часот.

Loading...

Како што информираат организаторите, возењето ќе биде од слободен карактер и без котизација, спонзорства и организации.

– Секој што поседува 4х4 возило или АТВ и е љубител на овој спорт може да ни се придружи и заедно да уживаме во оваа адреналинско возење, велат организаторите.

Рутата за возење ќе биде одредена последните денови во зависност од временските услови.

Заинтересираните учесници треба да пристигнат на „Туша петрол“ во селото Војник најдоцна до 08:00 часот за доделување на редни броеви.

Никола Ивановски / фото: Фејсбук