ОЕЦД: Економскиот раст ќе се врати благодарение на вакцините

Сподели со своите пријатели

Економските перспективи на глобално ниво на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) се со претпазлив оптимизам. По огромниот шок во 2020 година ОЕЦД предвидува следната година закрепнување на БДП од четири отсто, истовремено истакнувајќи ги ризиците и големата неизвесност, јави дописникот на МИА.

Loading...

Лоранс Бон, главен економист вели дека е „среќна“ што претстави пооптимистичка панорама благодарение на претстојното пристигнување на вакцините, побрзо од очекуваното. Но тоа, според неа, не е доволно да се вели дека станува збор за победа, со оглед на големата неизвесност, продолжувањето на ограничувачките мерки и многуте ризици кои ја оптоваруваат светската економија.

Така, надвор од централното сценарио, ОЕЦД изработи две траектории на раст на глобалното богатство до 2022 година, со јаз од 7.000 милијарди долари. Во зависност од брзината на распоредување на вакцината, одржувањето на плановите за помош, обновената доверба на домаќинствата и деловните субјекти, нивниот капацитет за консумирање и инвестирање. По падот од 4,2 отсто оваа година, се очекува глобалниот БДП да се врати со иста големина следната година и 3,7 отсто во 2022 година. Кина, првиот епицентар на пандемијата на почетокот на 2020 година, успешно го стави вирусот под контрола. Така, нејзината економија е единствената меѓу големите земји што избегна рецесија (се очекува + 1,8 отсто оваа година).

Во развиените економии, Велика Британија и Шпанија ќе доживеат најголем пад оваа година, следени од Франција и Италија. Германија е подобро, како и Јапонија и САД. Што се однесува до земјите во подем, Индија, Мексико и Јужна Африка забележаа најлоши перформанси.

Меѓународната организација ја подвлекува многу силната хетерогеност на земјите, во зависност од обемот на пандемијата, различните мерки воведени за справување со неа, помеѓу плановите за ограничување и поддршка. Во земјите во развој, голем дел од населението кое живее од неформалниот сектор, во рестораните, туризмот и малите претпријатија, особено беше погодено.

Во своето претставување, Лоранс Бон посочува на моторите што можат да го забрзаат закрепнувањето, но и многуте сопирачки на тој пат. Со оглед на наглиот пораст на стапката на заштеди, особено во САД, потрошувачката може да биде подинамична. Ризиците главно доаѓаат од влошувањето на пазарите на труд со очекуван пораст на банкротите и невработеноста. Малите и средните претпријатија се особено ранливи, а долгот на претпријатијата достигнува загрижувачки нивоа, вели ОЕЦД. Овој ризик е позначаен во земјите во подем.

Главниот економист на ОЕЦД, предупредува, на фактот дека оваа криза ги зголемува нееднаквостите и ризикува да остави траги. Загриженоста се однесува на младите, ниските примања, доцнењето во образованието на децата од загрозените семејства.

Пораката до владите е да ги зајакнат здравствените политики и да ги одржуваат политиките за помош, овозможени од многу поволните финансиски услови, со насочување кон најранливите популации. Благодарение на акцијата на централните банки, цената на јавните долгови и наплатувањата за камати нагло паднаа, забележува ОЕЦД.

Loading...

Тони Гламчевски, Франција

Leave a Reply