Одржана 87. седница на Владата на Република Македонија

Сподели со своите пријатели
Текст и фото: Влада на Република Македонија

На редовната 87-ма седница, Владата на Република Македонија ја усвои информацијата за потребата од донесување на закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, заради склучување на Анекс бр. 2 кон договорот за изградба на патна делница Кичево – Охрид , по скратена постапка.

Исто така, Владата го разгледа и го прифати текстот на предлог – законот за дополнување на законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, по скратена постапка, како и текстот на Анексот бр. 2 кон договорот за изградба на патна делница Кичево – Охрид помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Sinohydro Corporation Limited.

 

Loading...

 

Владата го овласти Премиерот Заев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов да го потпишат Анексот бр. 2 кон договорот за изградба на автопат, делница Кичево – Охрид, помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Sinohydro Corporation Limited, по донесување на законот за дополнување на законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево Охрид и објавување на истиот во Службен весник на Република Македонија.

На предлог на Секретаријатот за европски прашања, Владата, на денешната седница ја разгледа и ја усвои и информацијата за статусот на проектот изградба на автопат „Скопје – Блаце” со предлог за реализација на истиот.

Leave a Reply