ОДМАЗДА НА ИНДИСКИ НАЧИН: Дознал дека има рак на грло па го убил колегата кој го навлекол на пушење

Сподели со своите пријатели

Кога лекарите на Мустаким Ахмад (25) му дијагностицирале рак на грло поради пушење, тој од лутина го убил колегата поради кој започнал да пуши цигари.

Двајцата работеле како кувари во ресторан на индискиот Њу Делхи. Ахмад со пиштол го убил неговиот 25-годишен колега Инајат.

Полицијата вели дека Ахмад му замерил на својот колега и што бил поупешен од него во работата. Убиецот им раскажал дека купил пиштол и вежбал гаѓање за да биде сигурен дека нема да го промаши Инајат.

Иако Ахмад и Инајат биле пријатели на работа, Инајат бил подобар работник и бргу станал миленик на сопственикот, рекол заменик на полицискиот началник Сибеш Синг.

Ахмад наводно започнал да пуши цигари и трева поради влијанието на Инајат.

Ахмад добил воспаление на грлото, па морал да оди кај лекарот кој му дујагностицирал рак на грлото рпедизвикан од прекумерно пушење – рекол Синд и додал дека тој за таквата ситуација го обвинил колегата и се обидел прво да му го смести отказот, но поради тоа самиот бил отпуштен. Потоа се вратил во своето родно село каде купил пиштол и вежбал гаѓање.

 

Loading...