Одложени сите претстави во кумановскиот театар до 6 март

Сподели со своите пријатели

 Кумановскиот театар ги одложи закажаните претстави до 6 март, годинава, согласно препораките на Владата за неодржување јавни настани, соопштија денеска надлежните од Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово.

Loading...

Вчера беше откажана една претстава во Кумановскиот театар.

-Одложен е театарскиот маратон што беше предвиден да се одржи наредната недела од 5 до 7 март, на кој беа предвидени да се одржат по две претстави тие денови за симболична цена како и премиерата на детската претстава „Трнорушка“ која беше закажана за 4 март, изјави директорот на установата, Сашо Тодоровски.

Од НУЦК „Трајко Прокопиев“ информираа дека дополнително ќе известат за одржување на термините за претставите.

МИА

Leave a Reply