Одложени преговорите меѓу Украина и Русија во Истанбул!

Loading...
Сподели со своите пријатели

Мировните преговори меѓу Украина и Русија во Истанбул за прекин на огнот се одложени, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

„Разговорите во Истанбул беа одложени за втората половина од денот по иницијатива на турската страна“, изјави официјалната претставничка на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

За денес во Истанбул се закажани преговори меѓу делегациите на Русија и Украина за прекин на огнот, за кои не е прецизирано кога ќе започнат, а кои беа организирани по предлог на рускиот претседател Владимир Путин.

Иако во медиумите се шпекулираше дека можеби Путин лично ќе присуствува на преговорите, тој доцна синоќа објави дека во руската делегација ќе учествуваат помошници и заменик-министри, додека неа ќе ја предводи неговиот помошник Владимир Медински.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто ЕУ сè уште купува руско ѓубриво?

Песков потврди: Путин нема да оди во Истанбул

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на разговорите во Турција.

Да потсетиме, функционерот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана Андриј Коваленко утрово изјави дека не е постигнат договор за тоа кога би можеле да започнат разговорите со Русија во Истанбул денес, отфрлајќи ги извештаите на руските медиуми.

Коваленко, во објава на апликацијата Телеграм, изјави дека почетокот на разговорите меѓу двете делегации за прекинот на огнот во Украина во 10:00 часот по руско време „не бил планиран и не е точен“, објави Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто ЕУ сè уште купува руско ѓубриво?

Распоредот за почетокот на разговорите во Истанбул го објави рано утрово руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на извор запознаен со организацијата на состанокот.

Loading...

Таа руска агенција објави дека почетокот на руско-украинските преговори во Истанбул за прекин на огнот во Украина е закажан за денес околу 9:00 часот наутро, односно околу 10:00 часот по руско време.

ТАСС, исто така, соопшти дека разговорите ќе се одржат во палатата Долмабахче.