Одењето на работа пред 10 часот наутро е вистинско мачење за телото

Сподели со своите пријатели

Пол Кели, еден од истражувачите на Оксфордскиот универзитет, смета дека, кога мора да се разбудите и да одите на работа пред 10 часот наутро, тоа претставува една форма на мачење на телото.

Loading...

Циркдијален ритам, или внарешниот телесен часовник, претставува биолошки тајмери кои го диктираат начинот на кој нашето тело функционира. Тој генетски однапред програмиран циклус го реуглира нашето гледање на времето, функционирањето на мозокот, нивото на енергија и производство на хормони, пшува „Healthy Food House“.

Значи, раното будење и работа пред 10 часот го мачат нашето тело и негативно влијаат на природната рамнотежа на организмот.

Кели објаснува дека луѓето не можат да ги променат своите 24-часовни ритмови и дека не можат да научат да стануваат во одредено време, затоа што црниот дроб и срцето имаат различни обрасци.

Кон почетокот на 20 век, кога е воведен осумчасовниот работен ден, никој не го разгледал влијанието на природниот часовник.

Како резултат на тоа, др. Кели тврди дека тоа влијае на физичките, емоционални и перформансни системи и на тој начин го оштетува телото. Луѓето треба да започнат да работат од 10 часот. Тој исто така додава дека луѓето хронично се лишени од сонот и дека тоа всушност е меѓународно прашање.

Недела дена со помалку од шест часа сон секоја ноќ доведува до промена во функционирањето на гените. Тој смета дека ефеките од работата ќе бидат драстично подоборени ако направиме едноставни промени во времето кога ја започнуваме и завршуваме работата.

Др. Кели, но и други невронаучници, ја истакнуваат важноста на разбирањето на функционалноста на организмот и во различни возрасти, особено кога се работи за циклусот на спиење.

Loading...

Недостатокот на сон започнува во адолесценција, затоа што тинејџерите биолошки се предодредени да заспијат околу полноќ.

Значи, тие не се навистина будни се до 10 часот наутро, но поради стариот распоред на училиште во раните утрински часови, губат средна вредност од 10 часа сон неделно. Всушност, тие имаат тенденција да останат будни долго време во текот на ноќта, особено викендите, така што се соочуваат со потешотии постојано да се прилагодуваат на раниот постепен циклус на спиење кој е структуиран за 55-годишници.

Едно британско училиште ја тестирала теоријата на др. Кели дека училиштата би требало да започнуваат по 10 часот. По некое време, значително се поправиле оценките на учениците, како и нивната присутност и општа продуктивност.

Затоа, ако одлуиме да примениме такви промени на сите сфери од модерното општество, луѓето несомнено ќе станат попродуктивни, посреќни, поздрави, полни со енергија и радост, наместо да бидат уморни, под стрес и зависни од кафе.

Photo by energepic.com from Pexels

Leave a Reply