Одела на часови по самоодбрана поради агресивниот партнер: Отткако го положила испитот и се случила страшна работа

Сподели со своите пријатели

Американката Лесли Ривс (45) од градот Троја не можела повеќе да го трпи психичкото и физичкото малтретирање на нејзиниот партнер Роберт Тара (48), па решила да започне часови за самоодбрана.

Loading...

Видела дека тој во последно време станал многу агресивен кон неа и едноставно се плашела од најлошото. Што за жал се случи.

 

 

Роберт Тар моментално е во притвор и го чека судењето откако бил обвинет за убиството на Лесли Ривс. Убиството се случило во Фармерсвил во близина на Сент Луис кога Лесли не се вратила дома.

Роберт отишол кај пријателот Кристофер Смит, кога неодамна се посомневал дека е во тајна врска со Лесли. Кога ги нашол двајцата во својата куќа, му паднал мрак на очите.

Не сакал да го слушне оправдувањето на својата партнерка дека со Кристофер одела на часови за самоодбрана, како и дека и е смачено од малтретирање. Тар  бидејќи имал пиштол со себе, го употребил и ја убил.

Loading...

 

 

Во моментот на апсењето, Роберт во полиција признал дека бил убеден дека Лесли го изневерува и не ни знаел дека таа го положила испитот на часовите за самоодбрана ден пред злосторството.

Според некои непотврдени информации, Лесли и Кристофер навистина биле во тајна врска. Шефот на компанијата во која работела Лесли Ривс изјавил дека се случила неопислива трагедија.

– Оваа болка што ја чувствуваме не може да се опише со зборови. Лесли знаела каков партнер е и затоа посетувала часови за самоодбрана. Имаше чувство дека еден ден би можел да ја убие од љубомора – рекол Дон Машил.