Одбројкарките на Куманово ја одбранија титулата

Сподели со своите пријатели

Одбојкарскиот клуб Куманово и оваа сезона го освои Купот на Макднија во одбојка за жени.

Во финалето одиграно во салата „Софија Петровска“ во Пробиштип кумановската екипа беше поуспешна од екипата на ОК Универзитет во Тетово со резултат 3:1 (25:16, 25:18, 23:25, 25:14) во сетови.

Во текот на најголемиот дел од натпреварот кумановки беа доминантни на теренот, освен во третиот сет кога повредата на една од клучните одбојкарки Ковачевиќ донесе проблеми и огромна резултатска негатива од 7:18 за противникот. Сепак, нашиот примач „стегна заби“ и со нејзиното враќање во игра ОК Куманово дури стигна до израмнување во сетот 23:23, но сепак огромна потрошувачка на енергија донесе до пад на концентрација во следните два поена и сет на страна на противникот. Но, затоа веднаш на почетокот на четвртиот сет, ОК Куманово ги отклони сите дилеми околу победникот и ја прослави третата титула во две години.

Титулата на победникот на Купот на Македонија во машката категорија ја понесе екипата на ОК Струмица, која исто како и ОК Куманово, го одбрани насловот од минатата сезона 2016/17.

Одбојкарките се пред финалниот тест – во четврток 03.05.2018 г. започнува финалната серија од Play-off-от за титула шампион во Сениорска државна лига за жени. Натпреварот е закажан за 20:00 часот во салата на СОУ Перо Наков.

Leave a Reply