Одбојкарките на Куманово убедливо кон одбрана на титулата

Сподели со своите пријатели

Одбојкаркитен Куманово вчеравечер го одиграа првиот финален натпревар сезонава против составот на Јанта Волеј од Скопје кој го добија убедливо со резултат 3:0 (25:18, 25:18, 25:23) во сетови.

Во првиот и вториот сет ОК Куманово на средина од сетовите – пред вториот технички тајм-аут, правеше серии на поени со помош на одличен сервис и игра во поле, кое противникот не можеше да ги достигне. Третиот сет се играше поен за поен, со предност на домашните од еден до два поени. Се влезе во тесна завршница, и по грешката во нападот на ОК Куманово резултатот на семафорот гласеше 23:23. Сепак шампионот не дозволи ОК Јанта Волеј да се врати во игра, и следните два поени со што и сетот и натпреварот ги реши во своја полза.

Серијата се игра на принцип „до три победи“ – прва екипа што ќе добие 3 натпревара ќе биде крунисана со титулата шампион во лигата во одбојка. По овој одличен старт се надеваме дека нашите девојки ќе го задржат тронот, изјави Денис Вујадиновиќ, тренер на ОК Куманово.

Следниот натпревар се игра на теренот на ОК Јанта Волеј во Скопје, во сабота со почеток во 19:00 часот.

Leave a Reply