Одбојкарките на Куманово го совладаа Виктори Волеј

Сподели со своите пријатели

Одбојкарките на Куманово забележаа нова победа во рамките на Првата лига за дами, откако на гостински терен го поразија составот на Виктори Волеј со резултат 2:3 во сетови.

Кумановки моментално се на втората позиција на табелата, откако по 7 одиграни натпревари бележат 5 победи и два порази.

Со шест победи од седум одиграни натпревари, Универзитет Тетово е лидер со 18 освоени бода.