Одбивале да платат данок оти е „против Божја волја“, судот им изрече милионска казна

Сподели со своите пријатели

Брат и сестра од Австралија, кои одбивале да плаќаат данок со објаснување дека тоа е против „Божја волја“ ќе мора со одлука на судот да платат повеќе од 2,3 милиони австралиски долари поради тоа што во Библијата не пишува „не плаќај данок“.

Loading...

Фани Алида Берепут и нејзиниот брат Рембертус Корнелис Берепут од 2011 година одбиваат да плаќаат данок, тврдејќи дека тој чин претставува побуна против Бога, пренесуваат австралиските медиуми.

Парот христијански мисионери оваа недела е изведен пред врховниот суд во Тасманија поради даночен долг поголем од 930.000 долари и други насоберени трошоци, пишува агенцијата ААП.

Во поднесоците, братот напишал дека даночниот закон на земјата е против „законите на семоќниот Бог“, пренесува телевизијата АВС.

– Сопствеништвото произлегува од семоќниот Бог и нему му служиме. Законите на семоќниот Бог се над законите на секоја земја, напишал тој.

– Доколку ние не можете да најдете речница во Библијат аили евенгалието во која пишува „не плаќај данок“ тогаш веќе во старт имаме проблем, рекол судијата Стефен Холт.

Со пресуда на братот и сестрата им се налага на даночната управа да и уплатат 2,3 милиони австралиски долари.

Судијата сепак се уважил дека нивното верување е искрено и дека не станува збор за злосторничка намера за изигрување на даночните обврзници.

Loading...

Но, според неговата пресуда, Библијата била јасна – граѓанските закони и Божјите закони делуваат во различни сфери.

Image by sspiehs3 from Pixabay

Leave a Reply