Одбележана 73-годишнината од борбата во Пелинце (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

По повод 73 години од борбата во село Пелинце и загинување на Ангел Лазаревски-Шајче и Трифун Ангеловски-Летеќи, Сојузот на борци од Куманово, градоначалникот Зоран Дамјановски, претставници од локалната самоуправа и Армијата на Република Македонија, како и членови на семјествата на борците положија цвеќе на споменикот во Пелинце.

 

Loading...

Се наоѓаме во ова убаво село каде на денешен ден 1944 година е водена борбата помеѓу баталјонот Јордан Николов Орце и казнениот одред полициски бугарски Бенковски. Во оваа борба животите ги дадода двајца кумановци Ангел Лазаревски Шајче, командирот на младинскиот вод на баталјонот и Трифун Ангеловски Летеќи од Макреш – рече Благе Јакимовски од Сојузот на борци од Куманово.

 

Како што изјави Цоки Ристовски од Сојузот на Борци Куманово одбележувањето помина со помала присутност поради лошите временски услови, но традицијата не е нарушена.

Сојузот на борци спроед својот календар и традицијата и овој пат ја одбележа борбата во Пелинце. Оваа година се одбележуваат 73 години од одбележувањето на борбата во Пелинце, каде погинаа двајца наши сограѓани. Во 1944 година на 13 јануари кумановскиот Јордан Николовски орце предводен од легендарниот командат Христијан Тодоровски Карпош имаа борба кај селото пелинце со озогласениот бугарски озогласен одред Бенковски познат по тоа што вршел големи зулуми во Куманово и Козјачијата – изјави Цоки Ристовски од Сојузот на борци Куманово.

 

Следната активност на Сојузот е одбележувањето на смртта на Христијан Тодоровски Карпош  во мемојријалниот споменик карпошова куќа, а една делегација ќе замине и во Република Србија да положи свежо цвеќе на споменикот на Карпош.