Од вторник снежна покривка и на пониските места

Сподели со своите пријатели

Времето утринава е умерено до значително облачно, ведро е само на планините. Дува слаб ветер од променлив правец.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, претпладне на планините ќе биде сончево, а во поголем дел од земјава ќе има ниска облачност. Преку денот насекаде ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.

Утре времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла.

Во понеделник во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер кој наместа ќе достигнува 80км/час. Под влијание на влажен бран попладне од запад ќе започнат врнежи претежно од дожд кои преку ноќта во западните делови ќе преминуваат во снег и ќе имаат пообилен карактер.

Од вторник, под влијание на студен бран од север ќе настапи значително заладување со локални врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а нова ќе се формира и на пониските места, додаваат од УХМР.

Leave a Reply