Од воздух изгледа како поле со цвеќе, но всушност е далеку од тоа (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Иако на прв поглед делува дека е во прашање прекрасно поле со лалиња како оние во Холандија, вистината е многу поразлична. Ако малку подобро погледнете, ќе видите дека се работи за велосипеди, поточно за гробишта за велосипеди.

Звучи неверојатно, но ги има неколку ширум Кина и што е најтажно се работи за нови велосипеди.

Како што пренесува ВВС, вакви гробишта постојат во Шангај, Ксијамен и Вухан.

Најневообичаените гробишта во светот се наоѓаат во Москва (видео)

Loading...

Услугата на споделување велосипеди во Кина е многу распространета, но довела и до некои негативни последици.

Со едноставна употреба на апликација на смартфон, голем број луѓе изнајмуваат велосипеди по цена од само еден јуани (0,15 американски долари), но проблемот се јавува кога тие велосипеди неодговорно ги оставаат каде ќе се досетат. Воопшто не размислуваат за тоа, па често се случува така оставени велосипеди да блокираат тротоари, а властите по пронаоѓањето едноставно ги конфискуваат и испраќаат на депонија, односно своевидни гробишта за велосипеди.

И додека, од една страна компаниите се трудат да произведат што повеќе велоспиеди за да се пробијат на пазараот, ваквите гробишта стануваат се побројни.

https://www.facebook.com/bbcnews/videos/10155807729247217/

Leave a Reply