Од утре значителен пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Времето утринава е умерено облачно, дува слаб до умерен ветер од југозападен и југоисточен правец, особено во источните делови и на повисоките места.

Loading...

Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, преку денот со засилен јужен ветер. Во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и од запад ќе започнат врнежи од дожд кои на места ќе бидат и поројни. Преку ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и ќе бидат пообилни во западните и северните делови каде на повисоките места ќе преминуваат во снег. Ветерот ќе го промени правецот во северен. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 16 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време. Ќе дува засилен ветер од јужен, односно југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе достигне 12 степени.

Под влијание на многу студена воздушн маса од север од утре следува период на променливо облачно, значително постудено и ветровито време со засилен северен ветер и со слаби локални врнежи од снег.

Leave a Reply