Од утре СВР Куманово ќе издава и Уверенија за државјанство

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи Ве информира дека поради зголемен обем на работа, а со цел да се излезе во пресрет на барањата на граѓаните во овој период од годинава, од утре 12.07. 2017 (среда) во просториите на Одделението за управни работи во Скопје и Отсеците за управни работи во Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица, Тетово и Штип, освен фотографирање за лични карти, патни исправи и возачки дозволи како и нивно издавање, граѓаните ќе може да поднесуваат барања и да им се издава Уверение за државјанство на Република Македонија.