Од утре следува период со претежно попладневна нестабилност

Сподели со своите пријатели

Претпладне времето ќе биде сончево со мала облачност. Од пладневните часови понекаде ќе има умерена облачност и особено во планинските региони попладне ќе има појава на краткотраен пороен дожд и грмежи и услови за град. Ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Максималната температура, како што додаваат од таму, ќе биде во интервал од 28 до 37 степени. УВ зрачењето ќе биде високо, со коефициент 9.

Од утре попладне следи период со претежно попладневна нестабилност, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме. Утре и во средината на неделата ќе дува повремено засилен ветер. Пообилни врнежи ќе има во понеделник.

Во следниот период дневните температури ќе опаднат па во понеделник само понекаде ќе надминат над 30 степени.

Кон крајот на работната недела не очекува постабилно и повторно топло време.

Leave a Reply