Од утре пораст на дневните температури

Сподели со своите пријатели

Времето во текот на денешниот ден ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на некои од повисоките места и на планините со слаб снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, а максималните дневни температури ќе бидат во интервал од 7 до 15 ° C.

Куманово и околината и денес со променливо облачно време и слаб ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 10-от степен, а минималната ќе се спушти 2 степени под нулата.

Во текот на наредната недела времето ќе биде стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура, велат од УХРМ.