Од утре пораст на дневните температури

Сподели со своите пријатели

Времето утринава е умерено до значително облачно, во текот на ноќта и изутринава во западните и северните делови со слаб локален снег. Дува умерен ветер од северен правец, особено на повисоките места.

Loading...

Во текот на денот ќе имаме променливо облачно време, а претпладне со слаб локален снег. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од североисточен правец, особено во североисточните делови од земјава и на повисоките места. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен северен ветер, а максималната температура ќе достигне шест степени.

Од утре следува период на претежно сончево време со пораст на дневната температура. За време на викендот утринските температури ќе бидат ниски, во интервал од -8 до -2 степена.

Leave a Reply