Од среда третман против глодари во Куманово

Сподели со своите пријатели

На територија на Општина Куманово ќе се изврши дератизација (третман против глодари) во среда, четврток и петок.

Loading...

Третманот ќе се изврши со поставување на мамци во отворите од шахтите на постоечката канализациона мрежа, информираат денеска од локалната самоуправа.

Во случај третманот да не се изврши во предвидениот период поради неповолни временски услови, истиот ќе биде одложен за наредниот ден.

– Препаратот што ќе се користи спаѓа во група на антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок. Се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на поставените мамци, а во случај на наоѓање на родентицидот на отворено, да не го допираат, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тешко повреден 20-годишен кумановец откако излетал од коловозот

Никола Ивановски