Од следната година патнички сообраќај и во вселената

Сподели со своите пријатели

Приватната компанија „Аксиом Спејс“ откри денес дека ќе го изврши првиот комерцијален лет до Меѓународната вселенска станица (ИД), но тоа ќе се случи најрано во јануари 2022 година.

Loading...

„Аксиом Спејс“ ќе започне мисија што ќе биде првиот лет некогаш до станица лоцирана на 408 километри од Земјата, објави Индипендент.

Мисијата веќе го доби името Ax-1 и ќе ја води Мајкл Лопез-Алехрија, кој веќе беше астронаут на НАСА, досега леташе во вселената четири пати, а сега е потпретседател на „Аксиом спејс“.

Останатите три члена на тимот се приватни инвеститори – Американецот Лери Конор, Канаѓанецот Марк Пати и Израелецот Итан Стибе.

Leave a Reply