Од понеделник нов топлотен бран

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде претежно сончево со умерен северен ветер, што ќе придонесе за благ пад на температурите, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Минималните температури ќе се движат од 10 до 19, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 24 до 33 степени. УВ зрачењето ќе биде високо, со коефициент 9.

И во вториот ден од викендот ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер.

Од понеделник под влијание на топол бран следува период на сончево и многу топло време со дневна температура насекаде над 30 степени, а кон средината на неделата на повеќе места ќе биде над 35 степени.

Leave a Reply