Од полноќ поскапуваат цените на горивата

Сподели со своите пријатели

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 0,5 денари, односно за денер, а цената на дизелот ќе „скокне“ за три денари, пресече денеска Регулаторната комисиај за енергетика.

Половина денар поскапува „еуросупер БС 95“  и литар ќе чини 62,50 денари, а за денар се зголемува цената на „еуросупер БС 98“ кој ќе се продава за  64,50 денари за литар.

Новата цена на литар еуродизел и на екстра лесно масло за домаќинство е повисока за три денари и ќе изнесува 47 денари, односно 35,5 денари.

Зголемување од 1,604 денари за килограм, според одлуката на РКЕ, има кај малопродажната цена на мазутот М-1 НС, кој ќе се продава за 18,535 денари.

Во просек, зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати, изнесува 5,27%. а Регулаторната комисија за енергетика ваквата одлука ја донесе врз основа на просечната  цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите две недели, како и  одност на курсот на денарот во однос на доларот.