Од почетокот на 2016 – нови 7. 500 регистрирани бегалци

Сподели со своите пријатели

Како што информира МВР, во текот на изминатото деноноќие, на ТЦ Гевгелија издадени се потврди на вкупно 2.120 странски државјани, од кои најбројни се државјаните на Сирија-852,  Авганистан–822 и Ирак-446.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 03.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 7.501 странски државјани, од кои најбројни се државјаните на Сирија-3.016, Авганистан-2.493 и Ирак-1.992.

Во текот на изминатото деноноќие,  до Секторот  за азил не е поднесено барање за признавање на право на азил, т.е почнувајќи од 1 заклучно со 3 јануари, нема нови барања за азил.