Од петок дожд и опаѓање на температурите

Сподели со своите пријатели

Времето денеска рретпладне на истокот ќе биде сончево, а кон запад со мала до умерена облачност.

Loading...

Попладне, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, облачноста ќе се зголеми, а на крајниот запад ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Попладне на север краткотрајно ќе засилува северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 17, а дневната од 28 до 36 степени.

До четврток ќе биде претежно стабилно и суво, освен што денес во западните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Од петок ќе има зголемена облачност, повремен локален дожд, а дневните температури ќе бележат постепено опаѓање.

Leave a Reply