Од ноќва врнежи од дожд и снег, од утре пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност ќе биде времето во текот на денешниот ден. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен и западен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Во вечерните и ноќните часови од запад ќе се прошират врнежи, кои на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево претпладне, а во текот на попладневните часови ќе се зголемува облачноста, што ќе донесе врнежи од дожд. Во текот на ноќта, врнежите ќе бидат во комбинација со снег. Максималната температура во кумановско денеска ќе достигне околу 10 степени целизусови, а во текот на ноќта ќе се спушти на два степени над нулата.

Во западните делови врнежите ќе бидат обилни (над 25 л/м2), па таму снежната покривка на планините значително ќе се зголеми, а поради силниот ветер ќе има појава на снежни наноси.

Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.

Утре времето ќе биде облачно со врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а попладне ќе преминат во снег и на повеќето пониски места, но ќе слабеат по интензитет.

Особено попладне и кон крајот на денот, како и во среда ќе дува силен северен ветер, што ќе услови нагло опаѓање на температурата.

На планините снежната покривка дополнително ќе се зголеми, а поради засилениот ветер ќе има услови за појава на снежни наноси.

Loading...

Во среда на места се уште ќе провејува снег, а во четврток ќе настапи преодна стабилизација на времето.

Никола Ивановски

Leave a Reply