Од недела пад на температурите и локален дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност и слаб источен ветер.

Минималните температури, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе се движат од 2 до 10, а максималните од 23 до 28 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со максимални 24 степени целзиусови.

До сабота ќе се задржи стабилно, суво и релативно топло време со дневни температури над просекот за овој период од годината.

В недела од север ќе се спушта постуден воздух, ветерот повремено ќе се засилува и ќе предизвика пад на дневната температура. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд.

Leave a Reply