Од Мадрид во Истанбул: Пепе е новиот играч на Бешикташ

Сподели со своите пријатели

Турскиот шампион Бешикташ е во завршни преговори околу новото засилување во овој трансфер период .

Како што известуваат турските медиуми, Португалскиот репрезенттивец Пепе ја прифатил понудата и овие денови треба да потпише двегодишен договр со Бешикташ.

На потругалецот Пепе оваа година му заврши договорот со Реал Мадрид  и тој како слободен играч ќе се пресели во редовите на Турскиот шампион.За него оваа лето беа заинтресирани Интер, ПСЖ и Фенербахче.

Клубот од Босфор за португалецот обезбедија плата од 5 милиони евра на годишно ниво , а тоа е за една третина повеќе од онаа што ја имал во Мадрид. Пепе за две години или до јуни 2019 ќе биде “потежок” за 10 милиони евра .

Пишува: Стефан Младеновски