Од Куманово започна караванот „Македонија вработува 2“ (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Од денес започнува караванот „Македонија вработува 2“ кој овој пат започнува од Куманово, а во наредните три месеци ќе ги пофати и сите други градови низ Република Македонија.

 

Loading...

makedonija vrabotuva 2 dime spasov

 

Денеска штандот на проектот кој е поставен пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ го посети и министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов кој истакна дека проектот веќе наидува на позитивни критики и од синдикатите и од приватниот бизнис сектор.

За нас од особена важност е транспарентноста, односно доближувањето на условите, начинот за аплицирање, критериумите до групите на невработени лица кои што ги опфаќа проектот „Македонија вработува 2“, да ги доближиме до што е можно повеќе граѓани, до што е можно повеќе компании – вели Спасов.

Целта на ваквите каравани, како што истакна министерот Спасов е  преку директен контакт со граѓаните да им се доближи проектот, но и бенефициите од истиот на граѓаните, но и можностите да бидат понудени и кон приватните компании.

Нашиот систем е веќе спремен, така да секоја компанија која има потреба да вработува може да започне со тоа. Мора да нагласам дека пресечниот датум е 12ти мај 2016 година, со тоа што нема да се менува бројот на вработените во таа компанија. Така да после овој период доколку има намалување, може да биде само природен одлив, тоа се двата основни случаи на починати лица или пензионирани, секое друго намалување ќе се смета како намален вкупен број на вработени – рече Влатко Поповски, директор на Агенцијата за вработување.

Како што истакна раководителот на Центарот за вработување – Куманово, Милорад Тренчевски проектот „Македонија вработува“ во првата фаза има дадено позитивни резултати.

Успешноста на проектот „Македонија вработува 1“ ми дава надеж, оптимизам и мислам дека ќе биде проектот „Македонија вработува 2“ поуспешен од првиот проект, така да мислам дека ќе даде свој допринос во намалување на невработеноста во Општина Куманово – истакна Тренчевски.

Инаку Куманово има околу десет илјади активни баратели на работа, како и околу осум илјади пасивни баратели на работа, а проектот „Македонија вработува 1“ обезбедил работни места за 911 лица.

makedonija vrabotuva 2 dime spasov