Од денеска влажен бран: Врнежите наместа ќе бидат и пообилни

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Врнежите повремено ќе бидат пообилни, со пороен карактер и проследени со засилен југоисточен ветер, особено во западните делови каде на повеќе места ќе наврнат и над 30 л/м2 дожд.

 

 

Во текот на изминатото деноноќие, заклучно 8 часот изутринава, најмногу дожд паднал на Попова Шапка 14 литри на метар квадратен, додека најмалку или еден литар, во  Крива Паланка, Штип, Демир Капија, Куманово, Пожар, Ѓуриште.

Во Куманово и околината денеска имаме облачно и значително посвежо време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до засилен ветер од југ, односно југоисток. Температурата во утринските часови ќе изнесува 10 степени, а дневниот максимум денеска се очекува да достигне до 13 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Како што потенцираат од УХМР, под влијание на влажна воздушна маса и во следните денови ќе се задржи облачно и студено време со врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни, со пороен карактер и засилен ветер.

 

Никола Ивановски