Од денес топлотен бран ја зафаќа Македонија

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен и југозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 9 до 14, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 24 до 32 степени целзиусови. УВ индексот ќе има вредност 8.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време со мала облачност и слаб ветер од западен, односно југозападен правец. Максималната дневна темпрература ќе изнесува 27 степени целзиусови.

Од денес под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на претежно сончево и многу топло време. Најтопло ќе биде за време на продолжениот викенд, кога на повеќе места температурата на воздухот ќе надмине 35 степени, а вдолж Повардарието ќе достигне и 40 степени.