Од чудото на Свети Никола потекнува и легендата за Дедо Мраз

Сподели со своите пријатели

Православните верници денеска го чествуваат празникот Свети Никола, кој е познат како заштитник на морињата.

Loading...

Свети Никола е роден е во Патара, Ликија, Мала Азија околу 270 година, како единствено дете на неговите родители Теофан и Нина. Принеговото крстење го добил името Никола кое во превод значи народен победник. Како дете, со голем восхит пристапувал кон проучувањето на Светото Писмо.

Соборниот храм „Свети Никола“ вчера и денес е преполн со верници од Куманово кои му одаваат почит, а голем дел од нив овој ден го прославуваат овој празник како домашна слава.

Како што рече денеска отец Антонио Петрушевски од Кумановско-осоговската епархија, дури и легендата за Дедо Мраз потекнува од делата на овој светител.

– Се борел за вистината и правдата, им помагал на луѓето, познати се неговите чуда, добри дела, меѓутоа, познат е по тоа што тој тајно сакал да ги извршува добрите дела, а станал пак познат затоа што Бог ги објавил неговите добри дела, го прославил и за време на неговиот живот и за вечни векови. Познато е неговото чудо со помагањето со паричен дар со некој човек кој западнал во голема криза и од тоа чудо потекнува легендата за Дедо Мраз. Познато е ревносното застапување за тројца неправедно осудени началници кои шт оочекувале смртна казна, но Свети Николај како голем човекољубец и со вера вобога и со вера дека правдата и вистината победуваат и на земјата и со неговата кроткост, ненасилно се застапил со вистина за тие добри луѓе при што ги изгбавил од осудата која што ги очекувала, рече Отец Петрушевски.

Пораката на Николај, како што додаде отец Петрушевски, е со вера во Бога да живееме и помагаме, да вршиме добри дела и да не ги разгласуваме со фалби.

фото: архива

Leave a Reply