Од целиот Североисток, само Липково со позитивен природен прираст

Сподели со своите пријатели

Од шест општини колку што брои Североисточниот плански регион, Липково е единствената општина каде бројот на новородени е поголем од бројот на починати лица во првите три месеци од 2019 година. Куманово има најголем негативен природен прираст, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Loading...

Во Куманово во јануари, февруари и март родени биле вкупно 248 деца, но починале 298 лица. Со тоа природниот прираст е -50. Биле склучени 117 бракови, а реализирани 7 разводи.

Во Липково починале 36 лица, но затоа бројот на новороденчиња изнесува 84. Природниот прираст е 48 и единствен позитивен во североистокот од земјата. Склучени се 94 нови бракови, а ниту една двојка не ставила крај на брачната заедница.

Негативен природен прираст има и руралната општина Старо Нагоричане, односно -12. Таму во првото тримесечје годинава, родени се 7 бебиња, а починати 19 лица. Склучен е само еден нов брак.

Голем негативен прираст бележат и Кратово и Крива Паланка, -31, односно -21. Во Кратово родени се 12 деца, а починале 43 луѓе. Во Крива Паланка пак на свет дошле 35 новороденчиња, но си заминале 56 лица.

Во првите три месеци годинава нема починато доенче во наведените општини.

Leave a Reply