Од 11-годишно девојче во Јужна Африка се очеекува да ја запре сушата

Сподели со своите пријатели

На североистокот од Јужноафриканската Република веќе со години нема дожд, а страшната суша го уништува не само растителниот туку и животинскиот свет, а пред се пати населението.

Народот Балобеду од провинцијата Лимпопо смета дека спасот е во рацете на еденаесетгодишното девојче Масаланабо, нивната дождовна кралица која според мислењето на локалните племиња единствена е која има моќ да го прекине сушното време.

Правилата на протоколот на кралскиот двор во селото Хетакони се многу едноставни – дождовните кралици не се мажат, имаат сила и живеат во изолација.

Потомство смее да има само со маж од племенското потекло, под услов Кралскиот совет да го оцени како погоден кандидат. Поранешната дождовна кралица направила се спротивно и починала во 27 години од животот, а мештаните сметаат дека токму тоа е причината за големата суша.

Ритуалот на привикување дожд ќе се одржи на есен, а сите нади се во рацете на Масаланабо.