Од 1 јули – цигарите поскапуваат за три денари

Сподели со своите пријатели
Согласно календарот за зголемување на акцизата за цигари, од први јули 2015-та година е предвидено поскапување од три денари за кутија цигари.

Новата, повисока цена во продавниците на Македонија треба да почне да се применува на стартот од летото доколку производителите не решат тие да ја компензираат.

Loading...

Зголемување од по 3 денари на цигарите се предвидува се до први јули 2016-тата година, по што во наредните седум години тие ќе поскапуваат по четири денари за кутија годишно.

Ваквиот тренд на покачување за осум години драстично ќе ги поскапи цигарите во земјава, па така најскапата кутија цигари која денес чини 120 денари, за осум години ќе достигне цена од 154 денари.