Очната и ушната амбуланта дислоцирани во поранешниот Центар за дијализа (фото)

Сподели со своите пријатели

Реконструираните амбуланти на Одделението за очни болести и Одделението за уво, грло и нос во општата болница од денес започнаа со работа во просториите на поранешниот Центар за дијализа.

Целта на ова дислоцирање е истите да бидат поврзани со останатите одделенија кои се наоѓаат на повисокиот кат, што според надлежните ќе допринесе пациентите ќе добиваат поквалитетни здравствени услуги и тоа на едно место.

Со дислоцирањето на овие амбуланти сега создадовме еден систем со стационарниот дел така што ќе биде една функционална единица и пациентите не мора веќе да се шетаат од една до друга амбуланта и одделенијата, така што во зградата на Никола Спасиќ ги имаме сместено и амбулантите и болничкиот дел. Ова е од буџетот на општата болница Куманово – изјави Ариф Љатифи, директор на Општа болница Куманово.

Тројца лекари офтамолози дневно вршат околу 100 прегледи, со што доаѓа до недостиг на стручен кадар, но надлежните нагласуваат дека проблемот може да се реши со ангажирање на специјалисти и од други градови.

Ние не располагаме со доволен број на лекари така што ние преку системот мoј термин во моментов се чека околу месец ипол до два за преглед, тоа значи е премногу чекање, но ние моментално работиме со тројца специјалисти, што е голем хендикеп, од друга страна ние немаме специјалисти офтамолози ни во приватното здравство така што ние сме дополнително оптоварени и затоа бројката се движи преку мој термин околу 50 дневно, а ако ги вклучиме и пациентите со приоритетни упати тука се опслужуваат 80 пациенти дневно, ако ги вклучиме и контролните прегледи бројката достигнува до 100 може и повеќе – изјави Али Далипи, началник на Одделнието за очни болести.

За преоптовареноста на очното одделение говори и фактот ѓто на годишно ниво се вршат околу 400 до 500 оперативни зафати во кумановската болница, за разлика од изминатите години кога исите биле околу 30 за цела година.

Дали и кога ќе се вработат уште офтамолози зависи од министерството за здравство кое што треба да даде дозвола за објавување оглас за вработување во опшатата болница, велат надлежните.

Во амбулантата за уво, грло и нос бројот на прегледите дневно е трипати помал споредбено со очната амбуланта.

-Во амбулантите просечно се вршат над 40 пациенти дневно, со мој термин се 20, тие ќе бидат прегледувани овде, а тие што се со приоритетен упат ќе бидат прегледани на Одделение, изјави Фадиљ Маличи, началник на Одделение за уво, грло и нос

Во наредниот период ќе бидат реконструирани и останатите амбуланти и одделенија. Се очекува целосната реконструкција да заврши до почетокот на мај, годинава.