Обвиен со велот на мистеријата: Планински врв на кој искачувањето е строго забрането

Сподели со своите пријатели

Мачапучаре – што во превод значи „опашка од риба“ – е позната планина од 6.993 метри во централниот непалски ланец Анапурна, која содржи три од 10-те највисоки врвови во светот.

Loading...

Сепак, таа е посебна затоа што е една од планините на чиј врв е забрането качување.

 

 

Во земја како Непал, ова е вистинска реткост, особено ако имаме предвид дека станува збор за земја во која планинарењето е многу популарно – дури и Монт Еверест се наоѓа таму.

Забраната за искачување на Мачапучаре може да се припише на еден маж – потполковник Џејмс Овен Марион Робертс (1916-1997).

 

Loading...

 

Џими Робертс, како што бил популарно познат, бил славен британски војник кој многу придонел за планинарење на Непал и Хималаите.

Тој работел како аташе во Непал во 1958 година и ја искористил својата позиција да го популаризира спортот на качување во тие области, со што се приширил и развојот на економијата.

 

 

Робертс, всушност, ја организирал првата официјална експедиција на врвот Мачапучар.

Loading...

Сепак, логистиката потфрлила некаде близу врвот, а групата што започнала да се искачува морала да се откаже.

Еден од членовите, чие презиме било Нојс, дошол на само 45 метри од врвот, но и тој морал да се откаже.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Trekking in Nepal 2021 (@trekadviser)

По експедицијата, Робертс испратил прилично необично барање до непалската влада – да забрани искачување на врвот Мачапучуар. Сè уште е непознато како успеал да ги убеди во тоа, како и зошто го побарал тоа, но неговото барање било прифатено.

Таа забрана важи и денес, создавајќи превез на мистерија околу овој врв.

Leave a Reply