ОБСЕ/ОДИХР со првична оценка за вториот круг од локалните избори

Сподели со своите пријатели

Набљудувачката мисија на канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на ОБСЕ, денеска на прес-конференција во Скопје ќе ги претстават првичните постизборни наоди и заклучоци од вториот круг од Локалните избори.

Првичните наоди и заклучоци ќе ги претстави амбасадорката Одри Гловер, шефица на набљудувачката мисија на ОДИХР.

Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР е составена од 126 набљудувачи од 26 земји – 17 изборни експерти во главниот град, како и 17 долгорочни и 88 краткорочни набљудувачи распоредени низ целата држава.

Извор: МИА

Loading...