ОБРАБОТЕНИ СИТЕ ГЛАСОВИ: Максим Димитриевски со 11.450 гласови повеќе од Зоран Ѓорѓиевски

Сподели со своите пријатели

Со 11.450 гласови повеќе Максим Димитриевски е победник на локалните избори во Општина Куманово и најверојатно веќе по првиот круг ќе седне во градоначалничкото столче.

Државната изборна комисија ги обрабоила сите избирачки места во Куманово, со тоа што на овие избори гласале 54,03%, односно 50.050 граѓани од вкупно 92.639 со право на глас.

Од тие гласови најмногу освоил кандидатот на СДСМ Максим Димитриевски, 52,53%, односно за него гласале вкупно 26.289 од граѓаните кои вчера излегле на локалните избори.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски има освоено 14.839 гласови, односно 29,65% од оние што излегле да гласаат му ја дале довербата.

Минимална разлика има кај кандидатите од БЕСА и Алијансата на Албанците. Вкупно 2.950, односно 5,89% од гласовите ги освоил Башким Османи од Алијансата на Албанците, додека со 2.925 гласови (5,84%) на четвртото место е Дритон Сулејмани од БЕСА.

Најмалку гласови, односно само 524 освоил кандидатот на ДПА, Бесник Мемети, за кого гласале 1,05% од гласачите.

Што се однесува до гласањето за советници, листата на СДСМ има освоено 43,48% од гласовите или вкупно за нивната листа гласале 21.760 гласачи. По нив се ВМРО-ДПМНЕ со 29,47% од гласовите, односно за листата на оваа партија гласале вкупно 14.752 гласачи.

Левица има освоено 1.244 гласови, односно 2,49% од гласачкото тело ја дало довербата на нивната советничка листа.

Од албанските партии најголем број од гласовите ги освоила советничката листа на ДУИ, која има 7,78% од гласовите, односно вкупно 3.894 гласови. Следува БЕСА со 5,69% од гласовита, Алијанса на Албанците со 4,92%, Алијанса за Албанците со 1% и ДПА со 0,74% од гласовите.