Облачноста денеска ќе се намалува

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно, претпладне на југоистокот со локален дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Кон крајот на денот облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, а попладне слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 7 до 10 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди, особено во вториот дел од денот. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу вториот степен, додека максималната дневна се очекува да достигне 10 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Слично време нѐ очекува и утре, но со малку повеќе облаци, додека дожд повторно ќе имаме в петок.

Никола Ивановски