Облачно со врнежи од дожд и температури до 18 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремен дожд со слаб, а на места и умерен интензитет, особено претпладне, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен претежно jугоисточен ветер. Минималните температури ќе се движат од 4 до 10, а максималните од 14 до 18 степени.

Во сабота ќе биде претежно стабилно и потопло со температура од 18 до 25 степени. Нови врнежи од дожд ќе има во недела попладне, кои локално ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи, особено кон крајот на денот и во ноќните часови. Врнежи ќе има и во понеделник попладне, а поинтензивни ќе бидат во текот на ноќта кон вторник, кога локално се очекува да наврнат и над 50л/м 2 .