Облачен и врнежлив старт на работната недела

Сподели со своите пријатели

Облачно и врнежливо време, но со послаб интензитет не очекуваат на првиот работен ден за оваа седмица, пишува порталот МетеоПро.

Првата половина од денот ќе носи позастапени врнежи во северната и западната половина, а веќе во попладневните часови се очекува врнежите да ослабнат и во текот на ноќта истите да престануваат.

Ќе дува северозападен ветер со умерен интезитет, особено долж Повардарието, а свежо ќе биде во текот на целиот ден со температури од 13 до 18 степени целзиусови.

Во Куманово и околината ќе преовладува облачно и врнежливо време со умерен ветер од северозападен правец и максимална дневна температура од само 12 степени. За вечерните часови се очекува и појава на слаби грмежи, но и релативно ниски 7 степени целзиусови.

Трендот на врнежливо време ќе продолжи до крајот на работната недела, но со исклучително слаб интензитет на паѓања.