Објавила пост за поранешниот сопруг – заменик шериф, а тој веднаш ја сместил зад решетки

Сподели со своите пријатели

Препукувањето на социјалните мрежи може да биде непријатно, но општо гледано, никој навистина не е загрижен дека поради тоа може да заврши во затвор се додека Ен Кинг и нејзината пријателка не се нашле зад решетки на неколку часа во 2015. година, затоа што Ен на Фејсбук во негативен контекст го споменувала поранешниот маж, инаку заменик на шерифот во округот Вашингтон, Џорџија.

Таа сега го тужи поранешниот сопруг и неговиот колега за крчење на нејзините со устав загарантирани права, пишува CNN.

Се започнало во јануари 2015. година,кога Ен Кинг напишала кратка објава во која изразила фрустрација затоа што нејзиниот поранешен сопруг Кори Кинг одбил на децата, враќајќи се од работа, да им донесе лекови.

– Оној момент кога сите во куќата имаат грип, а ти побараш од таткото на своите деца да им донесе (не на мене) уште лекови и тој одбива, напишала таа на Фејсбук.

 

Loading...

 

Како се наведува во тужбата, поранешниот маж и рекол да го избрише постот. Кога таа одбила тој објавил скриншот на својот Фејсбук профил. Бившиот тогаш напишал извештај за инцидентот и спроед сопствено признание, побарал налог за приведување поради нејзиното непочитување.

Следниот денс удот издал налог за апсење на Ен Кинг и нејзината пријателка Сузан хајнс. Тие се обвинети за „нарушување на репутацијата“ и минале 4 часа во притвор пред да платат 1.000 долари кауција. На сослушувањето судијата утврдил дека нема основи за приведување и случајот е стопиран.

Leave a Reply