Објавени резултатите од конкурсите за доделување ученички стипендии за учебната 2022-2023

Сподели со своите пријатели

Министерството за образование и наука информира дека објавени се резултатите од  конкурсите за доделување на стипендии за ученици од средните стручни училишта за учебната 2022-2023 и истите може да се погледнат на следниот линк.

Loading...

Средношколците кои се стекнаа со правото на користење ученичка стипендија треба да испечатат и пополнат ТРИ примероци од договорот за соодветната стипендија (договорите се објавени заедно со резултатите од конкурсите) и заедно со копија од лична трансакциска сметка, од 2.1.2023 до 16.1.2023 година, да ги достават до Министерството за образование и наука (директно во писарницата на МОН или по пошта – препорачана пратка со повратница на адреса бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: ЗНАМ испишува историја на политичката сцена

Одбиените кандидати пак, ќе имаат можност за приговор од денот на добивање на решението од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена. 

Решенијата и за прифатените и за одбиените апликации се изработуваат во моментов и ќе бидат испорачани во следните денови.

За било какви дополнителни информации и поддршка, контактите на вработените во Секторот за ученички и студентски стандард, како и на сите останати вработени во МОН се објавени на овој линк, a прашања може да се поставуваат и на електронската адреса [email protected].

Министерство за образование и наука