Објавени помилувањата за Груевски, Јанкуловска, Заев, Мијалков, Црвенковски…

Сподели со своите пријатели

Одлуките на претседателот на Република МакедонијаЃорге Иванов, за помилуивање на повеќе политичари осомничени за криминал денеска беа објавени во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 72/2016.

Од кривичен прогон се ослободени, без спроведување постапка лицата: Гордана Јанкулоска, поранешна министерка за внатрешни работи, Сашо Мијалков, поранешен шеф на УБК, Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, како и Дејан Митровски – Урко, поранешен шеф на обезбедувањето на Груевски.

Во вкупно 16 случаи е аболициран е и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и тоа во 16 случаи. На листата на претседателот е и Ирена Мишева, претседателка на Советот на Град Скопје, директорот на „Идризово“ Живко Пејковски, двајца актуелни градоначалници, Коце Трајановски на Град Скопје и Тони Трајковски на Општина Гази Баба. Меѓу помилуваните е и поранешниот градоначалник на Општина Центар Владимир Тодоровиќ.

Помилувани се и лидерот на ДПА Мендух Тачи и членот на ДИК од ДПА Бедредин Ибраими. И шефот на Кабинетот на поранешниот премиер Груевски, Мартин Протуѓер, е на листата на помилувани. Помилуван е и генералниот секретар на Владата Кирил Божиновски.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев и Зоран Верушевски, кој заедно со Заев беше обвинет за случајот „Пуч“ исто така се на листата помилувани лица. И останатите обвинети во случајот: сопругата на Верушевски Соња, службеникот од Општина Струмица Бранко Палифров и вработениот во МВР Ѓорги Лазаревски. Звонко Костовски, кој беше осуден на 3-годишна казна затвор за случајот, вчера беше пуштен на слобода.

Помилувањата во објавата во „Службен весник“ се групирани најверојатно според  делата за кои одговарале помилуваните лица и за конкретен случај, иако не се наведени делата за кои се ослободуваат од гонење.

Па така, во една од одлуките за помилување се набројани и Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК, Светлана Костова, сега судијка во Вишиот управен суд, и Хаим Хакијни од Израел споменат во прислушуваните разговори што лани ги објави опозицијата како лице преку кое се набавувала опрема за прислушување.

Одлуките влегуваат во сила од денот на донесувањето, се наведува во објавата во „Службен весник“.

Одлуките за помилување се донесени врз основа на членовите 1 и 11 од Законот за помилување од 1993 година.

извор: академик.мк